За нас

„ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О. Скопје е основана на 01.08.2023 година и се здоби со Дозвола за постапување со текстилен отпад издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање. „ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О. е компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање текстилниот отпад. „ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О. е отворена за соработка со сите компании кои имаат законска обврска да воспостават систем за управување со текстилниот отпадот (производители и увозници на текстилни производи). „ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О. Скопје е компанија со основна дејност управување со текстилен отпад според начелото „загадувачот плаќа" и во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови со цел да се исполнат националните еколошки цели. Во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови, кој влезе во сила на 17.09.2021 година, сите компании што произведуваат или увезуваат текстилни производи, имаат обврска да организираат систем што ќе го собира, селектира и рециклира нивниот текстилен отпад што настанува по консумирање на нивните производи од страна на крајните потрошувачи. Обврската од членот 17 на овој Закон се однесува само на производител, кој пуштил годишно на пазар или увезол во Република Северна Македонија повеќе од 10 кг текстил.

Обврски на „ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О.

ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје согласно член 29 став 13 од ЗПОП, системот за собирање, транспорт, складирање и третман на отпадот го врши преку склучени договори со домашни правни лица кои поседуваат важечки Дозволи за собирање и транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад издадени од надлежните органи во РСМ.

Да се воспостави систем за управување на текстилниот отпадот во согласност со принципите за заштита на животната средина и со важечките законски прописи во РСМ, како и со меѓународните стандарди. Со собраните финансиски средства ќе ги субвенционираме лиценцирани компании кои ќе вршат селекција, собирање,на текстилен отпад, со што ќе биде подготвен за рециклирање или за создавање енергетска вредност. Исто така, ќе организираме едукативни кампањи за да ги запознаеме граѓаните со овој тип отпад, кој ќе треба да се складира во посебно означени контејнери. Ќе соработуваме со сите општини на територијата на РСМ со што ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за почиста животна средина.

Еко Текс ги бира соработниците за транспорт и рециклажа според важечка дозвола/лиценца издадена од страна на животна средина.

Обврски на клиентите на „ЕКО-ТЕКС" ГРУП Д.О.О.

Според законот, вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации и извештајот на продажба за тој месец.
Производствени спецификации
– Информации за количините на генериран текстилен отпад Месечни извештаи
– Информации за вкупните количини на текстилен отпад од пуштени на пазарот во Република Северна Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15 во месецот, за претходниот месец.

Законска Регулатива


Отпадот претставува глобален проблем кој има сериозни импликации врз економијата, животната средина и врз севкупното живеење. Традиционалната економија која е базирана на принципот: земи, направи, употреби, фрли и загади, e модел кој го напуштаат многу земји и го заменуваат со новиот регенеративен пристап наречен кружна економија, затворен кружен процес кој во секоја фаза се грижи за отпадот кој треба да се намали, да се рециклира и да се реупотреби.

Од 1 јануари 2024 година во сила стапува Законот за управување со дополнителни текови на отпад. Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето преку спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила, што треба да се исполнат при производството на текстил, гуми, масла и возила и собирање, повторна употреба, третман, преработка и отстранување на отпадот кој се создава од нив во тек на нивниот животен век, како и другите прашања поврзани со постапувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила од страна на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и постапувањето со истите.

    Основни цели на овој закон се:
  1. намалување на негативното влијание од текстилот, гумите, маслата и возилата и отпадот од текстил, гуми, масла и возила, врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
  2. унапредување на стандардите за заштита на животната средина од страна на економските оператори во текот на целиот животен циклус на производите, а особено при собирање, третман, повторната употреба, преработката и отстранувањето на отпадот од текстил, гуми, масла и возила.

Законот носи големи промени во практичното постапување со отпадот и наметнува сериозни обврски за производителите, за потрошувачите и за локалните власти, предвидува спречување на создавање на текстилен отпад, горење на истиот и преземање на отпаден текстил и гума од трговец. Законот предвидува и обврски на градоначалникот, како и „Крајниот корисник, кој создава отпаден текстил е должен создадениот отпаден текстил да го собира и чува одвоено од мешан комунален отпад или друг вид на отпад и да го предаде на трговец, собирач на отпадни производи или во собирен центар или други локации“. .

Како национална цел поставена во законот е оптимистичка, за собирање за 2026 година: отпаден текстил – 15%.

НЕКОИ ФАКТИ

Место #1 За Управување Со Целиот Ваш Текстилен Отпад

Рециклирањето на текстил се однесува на процес на повторна употреба на текстилни материјали за да се спречи нивното завршување на депонии или согорување. Тоа е суштински аспект на одржливото управување со отпадот и чекор кон намалување на влијанието врз животната средина на модната и текстилната индустрија. Рециклирањето на текстил може да вклучува различни методи и техники за продолжување на животниот циклус на текстилните производи и намалување на побарувачката за нови суровини.

Јавете се за било какви прашања!

✆

+38970340640



Текстилна енергија

Соларен текстил

Истражувачите работеа на интегрирање на фотоволтаични материјали во текстилот за да создадат „Соларни текстили“ или „соларни ткаенини“. Овие текстили се дизајнирани да ја искористат сончевата енергија и да ја претвораат во електрична енергија. Соларниот текстил може да се вгради во облека, шатори, настрешници или други структури базирани на ткаенина, обезбедувајќи мобилно и флексибилно решение за производство на енергија.

Пиезоелектричен текстил

Пиезоелектричните материјали генерираат електрична енергија кога се подложени на механички стрес или вибрации. Научниците ја проучувале интеграцијата на пиезоелектричните влакна или материјали во текстилот. Движењето или вибрациите предизвикани од движењето на телото, ветерот или други сили потенцијално можат да генерираат електрична енергија преку овие текстили. Ова може да доведе до самонапојувачки уреди за носење или системи за собирање енергија интегрирани во облеката.

Термоелектричен текстил

Термоелектричните материјали можат да генерираат електрична енергија од температурни промени. Со интегрирање на термоелектричните модули во текстилот, можно е да се конвертира топлината на телото или температурните градиенти во електрична енергија. Овој концепт би можел да биде корисен за уреди за носење жедни за енергија, па дури и за енергетски ефикасни системи за греење или ладење.